„АЛКАЗАР ЕНЕРЏИ“ ЌЕ ГРАДИ ВЕТЕРЕН ПАРК ВО ШТИПСКО Мицкоски ја објави првата инвестиција вредна 450 милиони евра

Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 - 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања - нагласи Мицкоски. 

1,449

Премиерот Христијан Мицкоски, кој првиот ден како премиер го почна од Штип, најави дека инвестицијата за ветерниот парк која официјално ќе биде објавена утре, ќе донесе 100 милиони евра поголем приход во БДП.

Како што истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања, вакви проекти ќе има уште во периодот што следува.






– Македонскиот ветер ќе донесе дополнителни 100 милиони евра годишно во БДП. Проектот ќе го објавиме утре, заедно со инвеститорот. Ветерниот парк ќе биде изграден меѓу трите општини, Карбинци, Штип и Радовиш. Се работи за инвестиција од 400 – 450 милиони евра. Ова е исклучително значаен проект за енергетското портфолио на државата кој значително ќе го подобри перформансот на нашиот енергетски сектор. Нема специјални закони, нема загарнтиран откуп по загарантирна цена за 20 – 30 години, туку инвеститор кој ќе инвестира 450 милиони евра, а државата ќе добие за 100 милиони евра поголем приход во БДП што треба да донесе 20 отсто од вкупното производство на струја што ќе ја направи енергетски балансирана земјава. Во периодот што следи ќе има уште вакви убави изненадувања – нагласи Мицкоски.

Тој присуствуваше на поставување камен-темелник на новата спортска сала „Џексон“, направи увид во градењето на новиот булевар Илинденска, а потоа, заедно со министерот за здравство Арбен Тараври, направи увид во состојбата на штипската болница.

Мицкоски порача дека новата Влада ќе гради онаму каде што нејзините претходници оставиле неуспешни проекти.

Најавениот ветерен парк е инвестиција на „Алказар Енерџи“. „Алказар енерџи“ e одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург. Фокусиран е на проекти за обновливи извори на енергија со советодавен тим во Обединетите Арапски Емирати.

Поврзани содржини