АЛКАЛОИД ИСПИША ИСТОРИЈА Обезбедено е полуфинале во Европскиот куп на ЕХФ
Најефикасен во македонскиот состав беше Петковски со седум погодоци, додека Стојковиќ постигна пет.
Со извонредна игра и убедлива победа од 32-25 против романскиот Баја Маре, ракометарите на Алкалоид испишаа историја, обезбедувајќи пласман во полуфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.
Алкалоид достигна највисока предност од седум гола во првиот дел, а на полувреме замина со комотна предност од 18-12. Во второто полувреме, тимот играше уште посигурно, успешно одржувајќи ја разликата која достигна и осум гола во одредени моменти.
Најефикасен во македонскиот состав беше Петковски со седум погодоци, додека Стојковиќ постигна пет.
Кирил Лазаров и неговите момци испишаа уште еден историски момент во историјата на клубот.
– Среќен сум и задоволен, сè уште не ја чувствувам таа среќа бидејќи веќе почнува плеј-офот. Ова е голем успех за клубот и за македонскиот ракомет, бидејќи станува збор за тим составен 99% од македонски играчи. Им честитам на момците за сериозноста, за пристапот и за борбеноста која треба да ја прикажуват. Се чувствува во дадени моменти дека ни фли искуство, рутина да бидеме подобри. Мора да тежнеме во некој сегмент да имаме подобар автоматизам, да реагираме подобро – изјави Лазаров по мечот.
За противник во полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп го имаше норвешкиот тим на Рунар.
– Одиме на норвешкиот претставник ќе нè чека атомски ракомет, според информациите на начинот на кој ги играат мечеви. Се надевам дека ќе продолжиме со подобри изданија, иако нема да биде лесно, бидејќи го немаме најдобриот ракометар Марко Митев – додаде Лазаров.