„АЛКАЛОИД“ ГО ДОБИ НАЈТЕШКИОТ ПРОТИВНИК ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ Натпреварот со „Хановер“ ќе го игра на гостински терен

Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.

119

Ракометарите на скопски „Алкалоид“ ќе играат против германски „Хановер“ во квалификациите за пласман во групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа, одлучи денешната ждрепка.

„Алкалоид“, кој минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, беше во групата на неносители и го доби најтешкиот можен противник.






Квалификациското коло е закажано за 30/31 август и 6/7 септември.

Избраниците на Кирил Лазаров првиот натпревар ќе го играат на гостински терен.

„Алкалоид“ ќе се обиде да стане вториот македонски претставник кој во новата сезона ќе игра во групната фаза во второто по ранг европско клупско ракометно натпреварување во кое место веќе обезбеди „Вардар 1961“.

Поврзани содржини