АЛИУ Е ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ТЕСТОВИ ЗА ДРОГА ЗА СИТЕ ЛЕКАРИ Министерот вели дека за тоа се потребни законски измени

Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста, rече министерот за здравствп Азир Алиу.

143

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“.

Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12 здравствени закони кои се менуваат во овој момент.






– Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста – рече министерот Алиу.

Министерот најави и дека ќе побара во системот „Мој термин“ да се вгради рокот на лиценцата на секој лекар, со автоматска забрана за логирање кога ќе истече нејзината важност.

Алиу извести дека на местото на разрешениот Кузмановски, за вршител на должност го назначил Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје.

 

 

Поврзани содржини