Алиша Милано ги објави вознемирувачките последици од коронавирусот ВИДЕО

1,120

Речиси милион ипол луѓе до моментов го виделе предупредувањето што го бјавени актерката Алиша Милано, откако се заразила со коронавирусот. Актерката во видеото што го објавила на социјалните мрежи покажала една од последиците од инфекцијата, а тоа е опаѓањето на косата.

– Да ви покажам што ѝ прави короната на вашата коса. Ве молам, сфатете го вирусот сериозно и носете маска – вели Милано со видеото.






Во видеото таа покажа без колку коса останува при чешлањето, а актерката не е редок случај. Неодамна, истата работа ја покажа и Грејс Дедли од Есекс, чија коса толку многу паѓала по ковидот така што деновиве таа носи перика.

– Секој пат кога ја чешлав косата, останував без куп влакна. На крајот, се загрижив и отидов на преглед, каде ми кажаа дека тоа е последица на ковид. Лекарот ми рече дека, бидејќи сум била на работ на смртта, телото ги укинало сите функции што не се важни, вклучително и развојот на фоликулите – вели таа.

Бидејќи сè повеќе жени го пријавуваат овој проблем, за него зборуваат и лекарите, и засега го препознаваат како телоген ефлувиум, што е вториот најчест тип на опаѓање на косата кај жените, а станува збор за нарушување на скалпот и нарушување на растот на влакната.

Телоген ефлувиум е многу често привремен и излечив. Во многу случаи трае околу половина година, и ако трае подолго, преминува во хронична состојба.

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини