Алиоски се сели во Наполи како слободен играч?
Клубот од Неапол е заинтересиран за услугите на Алиоски, а дополнително поради тоа што нема да плати ни евро за фудбалерот, бидејќи по завршувањето на сезоната Џани ќе биде слободен играч.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски – Џани, нема да го продолжи договорот со својот клуб Лидс и голема е веројатноста дека од следната сезона ќе го облече дресот на Наполи и ќе стане клупски колега со Елиф Елмас.
Клубот од Неапол е заинтересиран за услугите на Алиоски, а дополнително поради тоа што нема да плати ни евро за фудбалерот, бидејќи по завршувањето на сезоната Џани ќе биде слободен играч.
Сепак, Наполитанците се подготвени да му исплатат одреден бонус за да го обезбедат неговиот потпис.
На трансфер пазарот се проценува дека Алиоски вреди 4 милиони евра.