Алиоски куртули од казна, потегот му значел „плачко“
По деталната анализа и прегледување на снимките, Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука дека не станува збор за дискриминација и македонскиот репрезентативец нема да подлежи под казна.
Фудбалската асоцијација на Англија потврди дека македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски нема да биде казнет поради смешната гестикулација кон играчот на Барнли во дуелот помеѓу оваа екипа и Лидс, кој беше одигран на 15 мај.
Самиот Алиоски истакнал дека гестикулацијата нема никаква поврзаност со дискриминација, туку на таков начин сакал да му укаже на противникот дека е „плачко“.
По деталната анализа и прегледување на снимките, Фудбалската асоцијација на Англија донесе одлука дека не станува збор за дискриминација и македонскиот репрезентативец нема да подлежи под казна.