АЛИОСКИ ИМА НОВ КЛУБ Џани се враќа таму каде што почна
Алиоски кариерата ја почна во Јанг Бојс, по што настапуваше за Шафхаузен, Лидс и Фенербахче.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски потпиша денеска двегодишен договор со Лугано, враќајќи се во швајцарскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2015/16.
Триесетитригодишниот Алиоски од 2021 беше член на саудиски Ал Ахли за кој одигра скромни 32 натпревари и постигна шест голови.
– Со задоволство го најавуваме враќањето на Езгјан, кој со своето искуство и личност совршено ги отсликува вредностите и духот на нашиот тим. Откако ни овозможи незаборавни моменти во неговото прво искуство во Лугано, горди сме што можеме заедно да започнеме ново поглавје – изјави спортскиот директор на Лугано, Сефан Пелцер.
Алиоски кариерата ја почна во Јанг Бојс, по што настапуваше за Шафхаузен, Лидс и Фенербахче.
За македонската репрезентација досега собра 60 настапи и постигна 12 голови, од кои последниот во неодамнешното реми 1-1 против Белгија во Скопје во мундијалските квалификации.