Алиоски добивал закани на Фејсбук, полицијата започна истрага
Денеска, Лидс Јунајтед откри дека Алиоски добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, поради што ја алармирале полицијата. Навредливи пораки добивал и фудбалерот на Арсенал, Пепе.
Нашиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски е тема на денот во англиската јавност, откако вчера одигра феноменален натпревар за Лидс против Арсенал и успеа да изнуди црвен картон за Никола Пепе.
Како што и утрово објавивме, Алиоски многу го налутил Пепе, па затоа и доби удар во главата. Нашиот Џани падна како покосен на тревата, а судијата, откако гледаше ВАР, му досуди црвен картон на Пепе.
Натпреварот заврши без победник (0:0), но нервозата кај „топчиите“ беше забележителна постојано, а буквално експлодираше по судискиот свиреж за крај на мечот. Тогаш, додека играчите се поздравуваа, бекот на Арсенал, Тирни, тргна физички да се пресмета со Македонецот, по што мораше да интервенира Гранит Џака и да ја смири целата ситуација.
Денеска, Лидс Јунајтед откри дека Алиоски добивал заканувачки пораки на социјалните мрежи, поради што ја алармирале полицијата. Навредливи пораки добивал и фудбалерот на Арсенал, Пепе.
„Клубот нема да толерира вакви закани кои на социјалните мрежи им се упатени на Алиоски и Пепе, по вчерашниот натпревар. Ќе работиме со полицијата и фудбалските власти за да ги идентификуваме и казниме виновниците“, соопшти клубот на Алиоски.