АЛИ БАБА, СПОТИФАЈ И ВИБЕР ЌЕ ГОСТУВААТ ВО СКОПЈЕ Нивни претставници ќе говорат за успесите на е-фирмите
Граѓаните ќе имаат можност да одберат дали ќе учествуваат со физичко присуство во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје или онлајн. Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата.
Претставници од фирмите Али Баба, Спотифај и Вибер ќе говорат на конференцијата за е-трговија на 12 ноември годинава, а свои искуства ќе споделат преку 25 домашни и странски експерти од десетина држави. Плаќање преку интернет, дигитален маркетинг и уште многу теми ќе бидат отворени на панел-дискусии под мотото „Ready, set, grow!“, или „За позор, сега, расти!“, а картата може да се купи на ecommerceconference.mk.
Директно од големиот светски гигант Алибаба („Alibaba Group“), на конференцијата ќе говори директорката за глобални клучни клиенти, Шарон Гаи, која ќе ја пренесе својата експертиза за развојот на социјалната е-трговија и лекциите научени од Кина.
Своето искуство пред присутните ќе го претстави и Константин Костадинов од комуникациската платформа Вибер („Rakuten Viber“), кој работи како Директор на продажба за Централна и Југоисточна Европа и кој ќе зборува за моќта на апликациите за разговор и тоа како да ги вклучите корисниците и да постигнете успех со помош на дигиталниот маркетинг.
Списокот на еминентни говорници на конференцијата е збогатена и со претставник од можеби најпопуларниот бренд во музичката стриминг индустрија, Ана Горка, која како партнер за Балканот во Спотифај („Spotify“) на публиката ќе им ги доближи можностите за рекламирање на Спотифај и како тоа може да помогне за градење свест за вашиот бренд.
Граѓаните ќе имаат можност да одберат дали ќе учествуваат со физичко присуство во хотелот DoubleTree by Hilton или онлајн. Картите веќе се пуштени во продажба по специјална цена од 199 евра за физичко присуство и 49 евра за онлајн следење на конференцијата. Спонзори и партнери на е-конференција се „А1 Македонија“, Фондот за иновации и технолошки развој, но и копмании од типот на „Касис и Пејтен“.