Алијансата за Албанците: Османи, семејство од Скопје два дена е заглавено на унгарската граница, сака да се врати дома
Од партијата бараат владата да се ангажира за враќање на ова и други семејства во земјата.
Алијансата за Албанците и денеска соопшти дека е загрижена дека владата не презема ништо за граѓаните кои се во странство, а сакаат да се вратат дома.
Проблемот е загржувачки, влеат од Алијанска за Албанците, со граѓаните кои се во Италија и сакаат да се вратат.
– Почитуван вицепремиер Бујар Османи, проблемите не се решаваат ниту со празни изјави ниту со потценување на новинарите кои се заинтересирани за оваа проблематика. Затоа, преземете мерки за да не биде предоцна, и да не станете причина за некоја трагедија, како што е случајот со албанското семејство од округот на Скопје, кое според нашите информации е блокирано 48 часа на унгарската граница – изјавија од партијата.
Од Алијанса за албанците велат дека бројот на тие што сакаат да се вратат е многу голем, но конзуларните претставништва на РСМ не ги слушаат нивните телефонски повици и не прават ништо да им помогнат да се вратат.