Пред канцеларијата на Народниот правобранител ја изразуваме нашата некомпатибилност и револт во врска со изборот на Насер Зибери на оваа функција, реагира Алијансата за Албанците за изборот на Зибери.
Според партијата на Зијадин Села Зибери на лукав начин во Собранието, со само 61 глас „за“ и без согласност на опозицијата, бил избран за Народен правобранител. Алијајанса потсетува дека Зибери, покрај тоа што бил политички активист и партиски функционер, на последните парламентарни избори бил кандидат за премиер од ДУИ, од партијата што е денес во Влада, против која Насери Зибери ќе мора да ги заштити правата на граѓаните.
– Ова е спротивно Законот за Народен правобранител, кој во член 3 вели: „Народниот правобранител е независен и самостоен во извршување на својата функција.“ Додека во членот 2 се вели дека Народниот правобранител е тело кое ги штити уставните и законските права на граѓаните и сите други лица, кога тие се повредени од органите на државната управа и од другите тела и организации кои имаат јавни овластувања. Факт е дека Насер Зибери не е независен и самостоен, затоа нема да може да ги брани правата на граѓаните против владата, што значи дека тој не е и не може да биде Народен правобранител. Денес, на денот на неговата инаугурација, одлучивме симболично да ја преименуваме канцеларијата на Народниот правобранител, како што и навистина заслужува и ќе биде канцеларија на Правобранител на Владата / ДУИ – велат од Алијансата за Албанците.
Партијата ги повика сите институции на Европската Унија и амбасадите на пријателските земји, јавно да го осудат овој чин на заплена на државните институции, што не само што е во спротивност со Законот за народен правобранител, туку и со принципите на Венецијанската комисија за Народен правобранител.