Алијанса за Албанците: За жал главните организатори на 27 април се во странство или по ходниците на власта

Се надеваме никогаш нема да дојде тој ден кога добрите работи ќе мораме да ги добиеме со наша крв! Да ја направиме нашата држава подобро место со гласање, а не со сила!

428

За Алијансата за Албанците 27 април има посебна карактеристика. Овој датум е запаметен од сите како ден на кој за малју ќе му беше одземен  животот на Зиадин Села, претседателот на нашата партија, кој беше единствениот претседател на која било албанска партија што учествуваше во историската битка на овој датум во 2017 година, кога беше соборен режимот што 10 години ја затвори и целосно изолира РСМ, режим составен од биномот ДУИ-ВМРО, соопшти Алијансата за Албанците.

– Секако дека не сакаме да се сеќаваме на ужасното насилство што беше извршено врз неговото тело, но денес сакаме овој датум да биде запаметен од сите како ден кога Зијадин Села беше во првите редови на битката за нашата земја да стане дел од НАТО и ЕУ. Денес, 3 години по овој случај, за жал главните организатори на настанот од 27 април се во странство или по ходниците на власта, а човекот што го спаси Села, господинот Фета Халими, е неправедно затворен.






Се надеваме никогаш нема да дојде тој ден кога добрите работи ќе мораме да ги добиеме со наша крв! Да ја направиме нашата држава подобро место со гласање, а не со сила! Потсетуваме  дека е од витално значење да се следат правилата. Колку сме посериозни, толку побрзо ќе заврши оваа состојба – велат од Алијансата.

Поврзани содржини