Алијанса за Албанците: Со ребалансот на буџетот приоритет се изборите, не економијата

541

 

Дури и со овој ребаланс на буџетот, истата логика продолжува, иако во време на криза се потенцира политичката димензија, а не финансиската и економската димензија на буџетот, реагира Елми Азири, претседател на Финансиски оддел на Алијанса за Албанците.






– За жал, и овој пат имаме прераспределување на средства на политички и воопшто не економски критериуми. Со овој ребаланс, Владата се демантира себеси во сите досегашни презентирани сценарија. Намалувањето на приходите од буџетот во најоптимистичкото сценарио на Министерството за финансии предвидува намалување за 20 отсто, додека истите се планирани со намалување од само 11,5 отсто. Бидејќи сме ограничени во информациите и сè уште не ја знаеме динамиката на рестартирање и отворање на економијата, едноставно се сомневаме дека ова е одржливо планирање на приходите од буџетот – рече Азири.

Тој предупреди дека можеби се планира и некое зголемување на данокот како тој со акцизата. Предупредувањето за намалување на јавната потрошувачка до 2 отсто се претвори во пораст од 1,4 отсто (53,7 милиони евра), додаде Азири.

– Образложението дека е помало зголемување на јавната потрошувачка, отколку во земји како Германија, Финска не бара коментар. Иако беше најавено зголемување и динамизирање на капиталните инвестиции неопходни за економското закрепнување, тие сепак беа жртвувани, со пад за 4,2 милијарди денари, додека последователните расходи се зголемени за 9,6 милијарди денари!

Намалувањето на платите и надоместоците за само 0,4 отсто го изразува досегашниот тренд на предизборно вработување и не намалувањето на трошоците за работа (веќе прекинато заради неактивност) на партиските службеници, вработените со договори на дело пред изборите и за стимулирање на партиски активизам! Не секој поттик за приватна и јавна потрошувачка има економска продуктивност. Категоријата каде има простор за поголеми намалувања се добрата и услугите. Изненадувачки, истите беа намалени за само 1,5 отсто од првичното планирање. Не беа направени заштеди од непродуктивните трошења за да се задржи буџетскиот дефицит барем за 1 отсто помал. Ова секако носи дополнителен товар на фискалниот простор што ќе биде многу потребен во иднина – рече Азири.

.

 

 

Поврзани содржини