Алијанса за Албанците: Печалбарите да доаѓаат дома без ПЦР тест и мерка за изолација

Алијансата бара печалбарите да ги уживаат сите свои права при процесот на гласање на 15 јули. Секоја друга рестриктивна мерка, како изолацијата од две недели, може да се сфати како тенденција за нивно исклучување од процесот на гласање.

2,785

Отворање на границите не е дел од слободното движење на нашите граѓани, односно, нивното влегување во Македонија. За нас е неприфатливо решението дека нашите граѓани кои сакат да се вратат во Македонија како услов, мора да имаат ПЦР тест, а уште помалку да се изолираат, вели Флакрон Беџети , портпарол на Алијансата за Албанците на прес конференција.

– Македонија сега е за жал лидер во регионот во однос на бројот на заразени и починати на милион жители, така што јавното здравство на нејзините граѓани не може да биде загрозено од нашите печалбари кои доаѓаат од земјите на ЕУ кои скоро ја победија битката со ковид 19 и ги отворија границите за движење без никакви пречки. Со ова однесување РСМ не ги почитува ниту правилата за добрососедство кон државите кои не бараат тестови за нашите граѓани – рече Беџети.






Тој додаде дека итно бараат владата да ги отстрани активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, тестот за ПЦР и изолацијата.

– Македонија, како аспирант за ЕУ, мора да ги практикува истите практики на државите на ЕУ кои ги отворија своите граници без никакви ограничувања. Сведоци сме на многу тенденции за злоупотреба на оваа состојба, но и оштетување на нашите граѓани кои мораат да платат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестовите, кои честопати не се ни точни. Бараме Владата и Министерството за внатрешни работи да се однесуваат правилно со граѓаните кои доаѓаат од дијаспората, овозможувајќи слободно движење, без понатамошно вознемирување и одложувања на граничните премини – вели Беџети.

Алијансата бара печалбарите да ги уживаат сите свои права при процесот на гласање на 15 јули. Секоја друга рестриктивна мерка, како изолацијата од две недели, може да се сфати како тенденција за нивно исклучување од процесот на гласање.

Како мерка бараат со нивното влегување во РСМ да се приложи само нивна адреса и телефонски број за контакт (како што е примерот во Хрватска), така што може да им се испрати упатство за заштитните мерки и превенција доколку некој од иселениците покаже симптоми од ковид 19, а во случај на нивна инфекција сите државни контроли и услуги да ги плати државата, затоа што иселениците секоја година ја полнат државната каса со по 200 милиони евра секој со своите дознаки.

 

Поврзани содржини