Алијанса за Албанците: Комисии да го испитаат случајот со бремената жена од Дебар

212

Случајот со бремената жена од Дебар, која се лекува во Општата болница во Струга, докажува дека здравствената состојба во Северна Македонија е тешка и е надвор од контрола. Според сведочењето на сопругот, има многу неправилности, и професионално и етички, кои се поврзани со корупција, непрофесионалност и непочитување на медицинските протоколи што предизвикале непоправливи последици врз здравјето на пациентката, велат од Алијанса за Албанците.

– Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција – велат од партијата.






Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција.

– Бараме Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот и да го процесираат предметниот случај, така што семејството од Дебар ќе ја разбере вистината и да се надомести за тоа што е непоправливо – здравјето – велат од АА.

Поврзани содржини