Алијанса за Албанците и Алтернатива: Спасовски сака да го попречи донесувањето на нашиот закон за државјанство

Партиите бараат СДСМ и ДУИ јавно да се изјаснат за нивниот предлог на измени на Законот за државјанство.

661

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива сметаат дека најавата за нов предлог-закон за државјанство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е тенденциозен и има за цел да попречи да се донесе  нивниот предлог закон, кој е во Собраниска постапка.

– Апсолутно е непотребно да се предложи нов предлог-закон кога се знае дека сите политички партии и СДСМ, и ДУИ, и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните пратеници во собранието со амандмани можат да придонесат за квалитетен закон и конечно решение за еден многу важен проблем со кој се соочуваат голем број на наши граѓани – велат од Коалицијата.






Оттаму бараат СДСМ јавно да се изјасни, дали го подржува предлог-законот на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

– По вчерашната изјава на Оливер Спасовски дека негативното мислење на Министерството за внатрешни работи ја има поддршката и на неговиот заменик Назим Буши од ДУИ, бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог законот за кој првично се изјаснија дека го подржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши – велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Партиите бараат Спасовски да престане да се однесува несоодветно кон неговиот заменик Назим Буши.

– Додека од Буши бараме под итно да си поднесе оставка од функцијата заменик министер, поради морални причини за да престане и понатаму да го деградира албанскиот гласач – велат од Коалицијата.

Поврзани содржини