Алијанса за Албанците и Алтернатива: Се потврди криминалната шема на Министерството за здравство и на премиерот Заев
По објавувањето на преписката на Министерството за Здравство со фантомската компанија од Хонг Конг, со цел набавка на кинески вакцини, се потврди криминалната шема на ова министерство и премиерот Заев, велат од Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
– Дури и во ова време на криза каде се заразуваат илјадници граѓани, кога бројот на заразени граѓани се зголемува секој ден, кога за жал се зголемува и бројот на граѓани кои ги губат своите животи, министерот Филипче и премиерот Заев немаат намера да обезбедат вакцини на редовна основа, но наместо тоа, се пазарат и за поволни цени и вложувања надвор од која било човечка норма. Изненадувачки е како премиерот Заев ги користи компаниите споменати во таканаречените „бомби“ од криминалното делување на Груевски, за истата цел, но сега на штета на здравјето на граѓаните – велат од коалицијата.
Коалицијата повторно побара оставка од министерот Филипче и премиерот Заев, за како што велат, доброто на граѓаните.