Алијанса за Албанците: Главен проблем не се шесте платформи во езерото туку целосното бетонирање на крајбрежјето
Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба.
Алијанса за Албанците обвини дека во Струга главен пороблем не се шесте платформи во езерото туку целосното бетонирање на крајбрежјето и дека градоначалникот Рамиз Мерко четири години нема план за развој на туризмот.
– Главните виновници што Струга стана црна овца, како што сами се изјаснија, дека стружани живеат во хаос и без перспектива, излегоа без срам и се пофалija со нивниот криминал, обидувајќи се да ги измамат граѓаните. Секретарот на општина Струга, пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, додека корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години на кејот на езерото, од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса во стилот на Артан Груби – рече Имер Имери претседател на струшкиот огранок на АА.
Од партијата побараа Мерко да одговара за палење на трската кај кејот со што се предизвикала еколошка катастрофа и непоправлива штета на флората и фауната.
– Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ, тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. На стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од страна на Алијанса за Албанците и ДУИ – рече Имери.