Алијанса: Вашиот претходник заврши во егзил, по тој пат сте тргнале и вие премиере Заев
Ветивте пред граѓаните почеток на преговорите. Со вашата влада Македонија е последна кон патот во ЕУ споредено со регионот, додека во 2005 година бевме пример за регионот во однос на евроинтеграциите. Во момент кога треба да се поднесе одговорност владата продолжува со истиот терк на неодговорност, но сега со ,,кодирани планови како „Акција 21" со цел да избегне одговорност.
Премиерот Зоран Заев ја посочи ЕУ како виновник за неуспешноста на Владата, тој спомна дека ЕУ испратила лош сигнал, обидувајќи се во своето обраќање неодобрувањето на преговарачката рамка да го прикаже како неуспех на ЕУ. Ова е лош сигнал на еден премиер кој што мандатот го доби со ветување за започнување на преговорите, а сега се обидува вината да ја пренасочи кон ЕУ, свесно или несвесно се обидува да создаде евроскептицизам и тоа токму заради неспособноста на Владата и на нејзините министри. Вака почна и Никола Груевски после Букурешкиот самит во 2008, сметаат од Алијансата за Албанците.
– Ветивте пред граѓаните почеток на преговорите. Со вашата влада Македонија е последна кон патот во ЕУ споредено со регионот, додека во 2005 година бевме пример за регионот во однос на евроинтеграциите. Во момент кога треба да се поднесе одговорност владата продолжува со истиот терк на неодговорност, но сега со ,,кодирани планови како „Акција 21″ со цел да избегне одговорност, вашиот претходник заврши во егзил, по тој пат сте тргнале и вие господине премиер Зоран Заев – велат од коалицијата Алијанса и Алтернатива.
Според коалицијата. премиерот, обидувајќи се да прикаже дека виновникот не е во владата ги преставил промените со ново име „Акција21“ со 10 приоритети, а всушност во практика не направено ниту чекор.
– Планот ,,Акција21″ го толкуваме како обид на Владата и премиерот да избегаат од одговорноста за пропаднатата шанса за отворање на преговорите со ЕУ. За нас како Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива е неприфатливо да се експериментира и манипулира со стратешките определби на земјата и сметаме дека никаква акција не може да биде замена за членството на земјата во ЕУ. Кога сме кај приоритетите, случајно или не, број 1 на листата е – Прочистувањето на правосудството. Премиерот вели ,,во финале сме на длабоките и суштински реформи во правосудството преку објективно и ефикасно прочистување на судството и обвинителството”. Но заборавaте дека токму извештајот на Европската комисија објавен пред два месеци, во делот за правосудството вели дека Правосудниот систем на Северна Македонија има одреден степен на подготвеност/е умерено подготвен, понатаму дозволете да ви цитираме дел од извештајот. И дека Таканаречениот случај „рекет“ предизвика сериозна загриженост. Ова го вели Извештајот на ЕУ, додека Заев вели, во финале сме на прочистување на Судството – велат од Коалицијата.
Од Коалицијата на Заев му порачуваат да се тргне од политиката на влијание врз судството и судии со тефтери и да остави реформите да стигнат преку стручна дебата и иницијативите да се покренат од Собранието и стручната фела. Впрочем секогаш кога мафијата односно коалицијата ќе биде засегната со одредена афера или во минато дневните случаеви со запленетата мариухана, наместо одговорност излегувате со нови идеи и „Акции“, правејќи се наивен демек не знаете ништо, и тоа како премиер. Чудно нели?
– Дел од ,,Акција 21″ односно втор приоритет велите ќе ви биде борбата против корупцијата Еве дел од извештајот на ЕК за напредокот на земјата „Корупцијата е распространета во многу области и треба да се обезбеди поактивен пристап од сите чинители кои се занимаваат со спречување и борба против корупцијата„. Во извештајот се забележува дека недостасува гонење и судење случаи на корупција на високо ниво а една од клучните препораки на извештајот е земјата да демонстрира политичка волја за борба против корупцијата преку поддршка на релевантни тела со натамошни финансиски и човечки ресурси и преку обезбедување јасни политички упатства за сите државни институции за тоа како да се справат со корупцијата во согласност со препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата. Да ве потсетиме премиере дека Државната комисија ви препорача дека постои конфликт на интереси во именувањето на директорот на МЕПСО. Згора на се, велите дека сте укинале институции заради ефикасност, а создадовте вицепремиер за координација на борбата против корупција, а до ден денес ништо од координацијата, со резултатот НУЛА. Премиерот во своето обраќање посочи и за (НЕ)транспарентноста на локалната власт, демек извршната е ептен транспарентна, па сега ќе им одржат лекција на општинарите.. Вели дека ваша препорака е општините да ја зголемат транспарентноста, бидејќи имаме наоди дека локалната власт недоволно ја следи централната кога е во прашање отвореноста и транспарентноста – Зарем само 100 дена сте на власт госп. премиер? Вашите наоди покажуваат дека кај поголем дел од општините постои Недостатокот или половични информации за трошењето на јавните средства од страна на единиците на локална самоуправа, додека Теарце, Арачиново, Сарај, Липково, Тетово, Долнени се во дното на листата на најтранспарентни општини, а ваши кадри раководат со тие Општини, каде е тука моралот – велат од Алијанса и Алтернатива.