АЛИЈАНСА НА СЕЛА СЕ БУНИ ШТО ГАШИ СИ ЈА РАБОТИ РАБОТАТА Toa што ќе се разгледува интерпелацијата против Илире Даути било против правата на Албанците
Претседателот на Собранието Гаши ја обработи интерпелацијата што ја покренаа пратениците на Левица против Илире Даути, што значи дека со нејзиното разрешување ќе се избере друг претседател, кој може да не биде од нашите редови и потоа на дневен ред ќе го стави законот за бранителите и ќе се обработи понатаму до конечното гласање, соопшти крилото на Алијанса на Албанците под раководатво на Зјадин Села.
Крилото на Алијанса на Албаните под раководство на Зијадин Села го обвинува претседателот на Собранието Африм Гаши дека се здружил со Левица и дејствува против правата на Албанците, затоа што Гаши го почитува Деловникот за работата на Собранието и ја почна процедурата за интерпелацијата на пратеничката Илире Даути од позицијата претседател на комисијата за социјална политика, демографија и млади.
Левица поднесе интерпелација против Даути затоа што таа одбива да ги стави пред комисијата измените на законот за правата на бранителите, предложени од СДСМ, кои го поминаа првиот филтер на пленарна седница. Даути повеќе пати категорично изјави дека додека е таа претседателка на Комисијата за социјална политика, нема да се разгледува законот за бранителите, ако во него не се опфатени и правата на борците на ОНА, која во 2001 година се бореше против државата.
„Нелегитимната коалиција Вреди и претседателот на Собранието Африм Гаши се здружија со Левица против претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, за да го деблокираат законот за бранители. Претседателот на Собранието Гаши ја обработи интерпелацијата што ја покренаа пратениците на Левица против Илире Даути, што значи дека со нејзиното разрешување ќе се избере друг претседател, кој може да не биде од нашите редови и потоа на дневен ред ќе го стави законот за бранители и ќе се обработи понатаму до конечното гласање. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица имаат доволно гласови и нема друг механизам за блокирање“ соопшти Алијанса на Албанците, која е дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ.
Од партијата го повикуваат спикерот Гаши итно да се повлече од оваа, како што посочуваат, скандалозна акција која нема врска ниту со функцијата претседател на комисијата, ниту со пратеничката Илире Даути, туку со нејзината битка за еднаквост на граѓаните.
„Го потсетуваме Гаши дека станува збор за битка која пратеничката Илире Даути заедно со нејзините колеги ја разви уште во времето кога таа се бореше за обезбедување државјанство за Албанците, кога дел од коалицијата беше и Африм Гаши. Но, денес, кога пратеничката Даути ја продолжува битката за еднаквост на Албанците, Гаши избра да им се придружи на оние кои и тогаш и денес се борат против Илире Даути и правата на Албанците во Северна Македонија. Африм Гаши да го следи примерот на пратеничката Даути и како што таа не го стави на дневен ред законот за бранители, така и тој да не ја стави на дневен ред интетпелацијата против неа. Во спротивно, ова би било тежок удар за Албанците, овој пат со потпис и печат на пратеник и претседател на Собрание, Албанец“, соопшто опозициската партија.