АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ МУ ЈА УКИНА ФУНКЦИЈАТА НА СЕЛА Вонредниот Конгрес на партијата ги поништи одлуките донесени на Партиското собрание од 10 февруари

Се поништија одлуките на нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржан на 10 февруари 2024 година, бидејќи истите се карактеризираа со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривично обвинение против сторителите, соопштија од Алијанса на Албанците по вечерашниот вонреден Конгрес на партијата.

1,025

Алијанса на Албанците вечерва одржа вонреден Конгрес на кој мнозинството делегати ја усвоија кандидатурата на претседателот на партијата Арбен Таравари за претседателските избори. Конгресот на АА ги поништи одлуките на Партиското собрание свикано од Зијадин Села на 10 февруари како нелегитимно и донесе одлука за укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото познато како тесно Претседателство на партијата.

„Денес, на 16 февруари 2024 година, на покана на претседателот д-р Арбен Таравари и врз основа на неговите статутарни надлежности, Алијансата за Албанците го одржа четвртиoт вонреден Конгрес во Скопје, на кој присуствуваа 421 делегат или огромното мнозинство од членовите на највисокото партиско тело.






По усвојувањето на Деловникот за работа на Конгресот, делегатите едногласно донесоа неколку одлуки.

Се усвои кандидатурата за претседател на државата на претседателот на партијата Арбен Таравари, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Европското движење за промени, во рамките на претседателските избори од 24 април и 8 мај 2024 година.

Се поништија одлуките на нелегитимниот состанок на Партиското собрание, одржан на 10 февруари 2024 година, бидејќи истите се карактеризираа со бројни статутарни прекршувања, манипулации и веќе докажани фалсификати, за кои денеска Алијансата за Албанците најави поднесување кривично обвинение против сторителите.

Беше усвоена измената на Статутот на Алијансата за Албанците, со која се укинуваат статутарните измени одобрени на третиот вонреден конгрес одржан на 24 декември 2022 година и се враќа прелиминарната верзија на статутот, усвоена на 27 март 2022 година на вториот партиски конгрес, со цел отстранување на дисфункционалностите во партиското одлучување. Една од непосредните импликации на овие промени е укинувањето на функцијата претседател на Собранието и на овластувањата на телото однапред познато како тесно Претседателство на партијата.

Во прекрасна атмосфера и еуфорија, претседателот д-р Арбен Таравари им се заблагодари на делегатите за едногласната поддршка и истакна дека промената е веќе започната и дека Алијансата за Албанците ќе води позитивна кампања, отворајќи ги вратите за сите оние кои ја посакуваат долгоочекуваната промена“ – стои во соопштението од Алијанса на Албанците.

Поврзани содржини