АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ АЛАРМИРА Асистентот на Јанкуловска не може да биде тој што ќе истражува изборни нерегуларности

Џелал Бајрами стана познат како асистент на Гордана Јанколовска во политичкиот монтиран случај „Монструм“, тврди Алијанса.

1,482

Режимот на СДСМ-ДУИ уште еднаш докажува дека ќе стори сè што е возможно за да  спречи изборите да се одвиваат мирно, фер и на демократски начин, соопшти Алијанса на Македонија.

Обвинителството има воспоставено привремена комисија за следење на изборните нерегуларности, предводени од поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џелал Бајрами, кој стана познат како асистент на Гордана Јанколовска во политичкиот монтиран случај „Монструм“, тврди Алијанса и додава:






– Сите бевме сведоци за тоа како беа избрани судиите и обвинителите за време на “тефтерите“ на Јанкуловска.Назначувањето на врвот на комисијата на кадар што е целосно партиска личност, а којшто би требало да биде независен кандидат, многу јасно  укажува за намерата на хибридниот режим да манипулира со изборите. Ги информираме дека ние ќе ги следиме во секој чекор, секоја  манипулација и секоја намера за крадење на гласовите од нивна страна,  додека главниот збор ќе го имаат граѓаните кои што со масивна излезност и со користење на правото на глас ќе оневозможат секоја манипулација од страна на режимот.

Поврзани содржини