Алијанса и Алтернатива: Афера во Управата за матични книги – 480.000 евра за фирма на син на кадар на ДУИ
„Затоа, со вакво основано сомневање, реагираме и бараме од Комисијата за спречување на корупција да го преиспита овој случај, како и од Јавното обвинителство да постапува. Бидејќи ова не е прв пат Управата за матични книги да спроведува вакви сомнителни тендери, очекуваме од горенаведените институции – во име на транспарентноста – да дадат и повеќе детали за аферата, а покрај тоа да ја известат јавноста на чија сметка од функционерите на ДУИ е реализирана оваа зделка. Дали последниот корисник е директорот на оваа институција или таа води до претседателот на ДУИ? Ние како опозиција ќе чекаме одговор и нема да се откажеме од интересот за дознавање на вистината. Во спротивно, ќе мора да заклучиме дека се работи за класична корупција што ја спонзорира Владата“, порачува коалицијата.
Влада која и во време на криза и пандемија си дозволува да зафаќа во народните пари не заслужува да владее, наведуваат Алијанса за Албанците и Алтернатива.