АЛИЈАНСА ГИ ДАДЕ ЗАКОНИТЕ ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ НА УСТАВЕН СУД Мицкоски им порача да не собираат поени со националистички призвук

98

Алијанса за Албанците поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на законските решенија кои се дел од пакетот „Safe City“.

– Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот Safe City ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел секој закон да важи за сите граѓани, на целата територија на Република Северна Македонија – изјави адвокатот Абидин Абдули, ангажиран од Алијанса за Албанците.






Според пратеникот Халил Снопче сериозноста за Safe City се мери со конкретни постапки, а не со политички изјави.

– Членот 9 од Уставот гарантира еднаквост за сите граѓани, додека спроведувањето на законот само во три града не е еднакво и не обезбедува униформност – рече Снопче.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на пратенички прашања рече дека ќе направи напори известувањата за прекршоците од „Безбеден град“ да се согласно со Законот за јазиците, за да не може да се користи проектот за собирање политички поени со националистички призвук.

– За да не го злоупотребувате ова во националистики призвук, веднаш ви кажувам ќе сторам сè со МВР казните, опомените или информациите да бидат согласно Законот за јазици, за да немате таков аргумент, за да не мислите дека некој има против тоа. Напротив, секој живот ни е драг, мил. Ние не сакаме луѓето да гинат и покрај тоа што ќе трпиме политички реперкусии – рече Мицкоски во одговор на пратеничко прашање од Илире Даути од Алијанса за Албанците.

ПОРАКИТЕ НА „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ СТИГНУВААТ И НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК Мицкоски не сака проектот да се злоупотребува со националистички призвук

 

Поврзани содржини