АЛИЈАНСА ЌЕ ГО ОБЖАЛИ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ПРЕД УСТАВЕН СУД Смета дека се таргетираат Албанците и се кршат нивните јазични права

Селективната примена на проектот „Safe City" само во Скопје, Куманово и Тетово е неправедна и дискриминаторска, смета Алијанса за Албанците.

198

Алијансата за Албанците во соопштение го изразува својот критички став кон усвоените измени на Законот за прекршоци, во кој е опфатен и проектот „Safe City”, оценувајќи дека тековната примена на овој проект отвора сериозни правни, социјални и уставни прашања.

„Селективната примена на проектот „Safe City” само во Скопје, Куманово и Тетово е неправедна и дискриминаторска. Проект кој има за цел да ја зголеми јавната безбедност треба да се применува рамноправно на целата територија на државата, а не делумно и селективно.






АА констатира дека не се спроведува Законот за употреба на јазиците, особено во службената комуникација со граѓаните. Известувањата и санкциите кои произлегуваат од проектот „Safe City” не се обезбедуваат рамноправно на албански јазик, што претставува директно кршење на јазичните права на албанските граѓани и е неприфатливо во една мултиетничка држава.

Бараме ревидирање на висината на казните и на прагот на толеранција. Безбедноста во сообраќајот е неопходна, но таа не може да се постигне преку непропорционални глоби кои неправедно ги оптоваруваат граѓаните и ја нарушуваат нивната економска благосостојба.

Алијансата за Албанците бара од надлежните институции итно да отворат јавна дебата, да ги коригираат очигледните прекршувања и да обезбедат секој ваков проект да биде во согласност со Уставот, законите и принципот на еднаквост.

Врз основа на ова, Алијансата за Албанците в понеделник ќе го оспори Законот пред Уставниот суд и веруваме дека Судот ќе се води од уставните одредби и ќе ги поништи законските измени кои се во директна спротивност со Уставот на државата“ – се вели во соопштенето на Алијанса за Албанците.

Поврзани содржини