Кандидатот на ДУИ Алија Јаоски слави победа: Ќе работам 24 часа во општина Пласница

Јаоски му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил, кој беше избран за пратеник.

2,677

Функцијата ќе ја извршувам чесно и ќе продолжам каде што застана претходниот градоначалник. Благодарам на сите што гласаа, но и на тие што не гласаа, јас ќе бидам градоначалник на сите, ќе работам 24 часа во општина Пласница, порачува Алија Јаоски, кандидатот за градоначалник на општина Пласница од ДУИ.

Јаоски прогласи победа и порача дека ќе биде градоначалник на сите граѓани, а како што објавивме претходно доби честитки и од лидерот Али Ахмети.






Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1.696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231.

Јаоски му е брат на претходниот градоначалник на оваа општина, Исмаил, кој беше избран за пратеник.

ФОТО: Фејсбук профил

Поврзани содржини