АЛЕРГИИТЕ СЕ ВО ПОЛН ЦУТ Амбулантите се полнат со пациенти чувствителни на полен
Лекарот по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип, Томица Наков, апелира до пациените, кои се алергични на полен, да не се движат на места каде што има повеќе дрва или цветови, како на пример на пешачката патека во Штип. Доколку мораат, втогаш може да се заштитат со носење на маски.
Матичните лекари, но и лекарите од Итната медицинска помош, предупредуваат дека почнува сезоната на алергиите, со цветањето на дрвјата.
Лекарот по општа медицина во Итната медицинска помош во Штип, Томица Наков, вели дека најчесто пациентите се алергични на поленот, кој е застапен во воздухот овој периодот од годината. Пациентите, кои се алергични на полен знаат за тоа, и потребно е навремено да ја земаат својата терапија со цел да превенираат алергиска реакција.
– Имаме пациенти кои се преосетливи на полен и има појава на алергиски реакции. Тие пациенти не се нови, туку тие си знаат дека имаат проблеми од поленот. Првична симптомалогија кај нив е течење на нос, сува и надрзнителна кашлица, кивање, печење и солзење на очите. Но, оваа симптоматологија може лесно да се превенира доколку пацеинтите навремено си ја земаат терапијата – изјави Наков.
Тој апелира до пациените, кои се алергични на полен, да не се движат на места каде што има повеќе дрва или цветови, како на пример на пешачката патека во Штип. Доколку мораат, втогаш може да се заштитат со носење на маски.
– Да избегнуваат места кои се пренаселени со дрва и со цветови, како на пример пешачката патека покрај река Брегалница. Изложувањето на такви места ќе ги зголеми симптомите. Доколку некои луѓе мора да се изложени на места со дрва и со цветови, (алергиската реакција) може да се превенира и со носење на заштитни маски – рече Наков.