АЛЕКСЕЈ НАВАЛНИ ПОЧИНА ВО ЗАТВОР Беше трн во окото на Кремљ
На почетокот на декември тој исчезна од затворот во Владимирска област, каде што отслужуваше 30-годишна затворска казна поради обвиненијата за екстремизам и за измама. Тие обвиненија ги нарече политичка одмазда за водењето на опозицијата против Кремљ во 2010-тите. Тој не очекуваше да биде ослободен додека Путин е жив.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина во затвор, соопшти тамошната затворска служба, во она што веројатно ќе се смета за политичко убиство од страна на Владимир Путин.
Во поправната колонија број 3, осуденикот А. А. Навални се чувствувал лошо по прошетката и речиси веднаш ја изгубил свеста, се вели во соопштението на веб-страницата на затворот.
Се додава дека веднаш пристигнале медицинските работници на установата и дека „повикана е Итна помош“.
„Извршени се сите потребни реанимации, но не дадоа позитивни резултати. Лекарите од итната помош констатирале смрт на осуденото лице. Се утврдуваат причините за смртта“, се вели во соопштението на Федералната служба за извршување на кривични санкции.
Навални (47), еден од највидливите и најупорните критичари на Путин, беше задржан во затвор на околу 25 километри северно од Арктичкиот круг каде што беше осуден на 19 години затвор под „специјален режим“. На видеото од затворот во јануари, тој изгледаше слаб и со избричена глава.
Кремљ соопшти дека нема информации за причината за смртта.
На почетокот на декември тој исчезна од затворот во Владимирска област, каде што отслужуваше 30-годишна затворска казна поради обвиненијата за екстремизам и за измама. Тие обвиненија ги нарече политичка одмазда за водењето на опозицијата против Кремљ во 2010-тите. Тој не очекуваше да биде ослободен додека Путин е жив.
Поранешниот националистички политичар Навални помогна во поттикнувањето на протестите во Русија во 2011-2012 година преку кампања против изборната измама и владината корупција, истражувајќи го внатрешниот круг на Путин и споделувајќи ги наодите во видеа кои собраа стотици милиони прегледи.
Високиот белег во неговата политичка кариера дојде во 2013 година, кога тој освои 27% од гласовите во изборите за градоначалник на Москва, за кои малкумина веруваа дека се слободни и фер.
Тој со години остана трн во окото на Кремљ. Идентификуваше палата изградена на Црното Море за лична употреба на Путин, куќите и јахтите што ги користеше поранешниот претседател Дмитриј Медведев и сексуалната работничка која поврза висок функционер за надворешна политика со познат олигарх.
Во 2020 година, Навални падна во кома по сомнително труење со помош на новичок од руската безбедносна служба ФСБ и беше евакуиран на лекување во Германија. Тој се опорави и се врати во Русија во јануари 2021 година, каде што беше уапсен под обвинение за прекршување на условниот отпуст и осуден на неговата прва од неколкуте затворски казни кои вкупно би траеле 30 години.
Путин неодамна започна претседателска кампања за неговиот петти мандат. Тој веќе е рускиот лидер со најдолг стаж од Јосиф Сталин, па досега, и би можел да го надмине ако повторно се кандидира за функцијата во 2030 година бидејќи во 2020 година му ги смени уставните правила за ограничувањата на мандатот.