📷 АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ ВО 2024 ЌЕ ВЛЕЗЕ СО СОСЕМА НОВ ИМИЏ! Погледнете ја новата, модерна фризура на пејачката

Освен со гласот, популарната Прија привлекува големо внимание со својата фигура и стилот, а сега кон крајот на годината одлучи да направи голема промена!

3,392

Нејзиното име годинава постојано се споменуваше, па може да се каже дека со одржаните концерти, Александра Пријовиќ високо се позиционираше на регионалната јавна сцена. Популарната пејачка по успешната концертна турнеја одлучи да ја изненади јавноста со комплетно нов имиџ, а најмногу со фризурата.

Освен со гласот, популарната Прија привлекува големо внимание со својата фигура и стилот, а сега кон крајот на годината одлучи да направи голема промена!






Александра премиерно го прикажа својот нов изглед на настан во Белград, каде што дошла со сопругот Филип Живоиновиќ. На истиот настан присуствувале бројни јавни личности како Ана Бекута, Жика Јакшиќ, Ацо Пејовиќ и други.

Во таа прилика Александра облекла елегантен црн фустан, целосно „залепен“ за телото, а во прв план била нејзината коса која и дала сосема поинаков изглед. Станува збор за многу пократка, т. н. паж фризура, која сè уште е многу популарна кај жените. Новата фризура и дава сосема нова свежина и младешки изглед.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини
na