📷 АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ НОСИ ПАТИКИ ОД 2.000 ЕВРА Пејачката во тренди модел по кој сите полудеа

3,053

Српската музичка ѕвезда Александра Пријовиќ изминатиов период работеше напорно, па сега на својот инстаграм-профил сподели фотографии од заслужениот одмор. Фотографиите покрај море ги воодушевија сите.

Имено, Александра сака да се облекува удобно и лежерно надвор од сцената. Пејачката не ја гледаме толку често во спортски обувки, но секогаш кога ги избира остава впечаток, а така било и сега.






Александра позирала во опуштено издание. Носела џемпер и фармерки, а големо внимание привлекле патиките што ги носела, а по нив полудеа речиси сите дами низ светот.

Пејачката избрала модел на патики за кои жените велат дека ги освојуваат на прв поглед и дека се исклучително удобни.

 

Станува збор за патики од Брунело Кучинели, луксузен италијански бренд кој е синоним за префинет дизајн и удобност, а моделот што го носи Александра е во беж боја со подебел бел ѓон.

Целосната цена на овие патики е 1.950 евра, а во продажба сега чинат 887,25 евра.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини