АЛЕКСАНДРА ГРАНТ ЈА ДЕМАНТИРАШЕ ВЕСТА ДЕКА СЕ ВЕНЧАЛЕ СО КИЈАНУ РИВС Во овие времиња, ни требаат добри вести, но оваа е сепак лажна
Долгогодишната девојка на славниот актер објави романтична фотографија на која се бакнува со Ривс, на Инстаграм, јасно ставајќи до знаење дека сепак немало венчавка и свадба. „Во овие времиња, ни требаат добри вести, но оваа е сепак лажна - затоа бидете внимателни! Еве малку вистинска среќа“, напишала Грант.
Кијану Ривс и неговата партнерка Александра Грант одговорија на гласините за наводна венчавка со заедничка фотографија на која се бакнуваат. Долгогодишната девојка на славниот актер ја објави романтичната фотографија со Ривс на Инстаграм, јасно ставајќи до знаење дека бракот сепак не се случил.
Фотографијата била направена за време на нивната посета на кратерот Роден во Аризона, уметничка инсталација од Џејмс Терел. Фотографијата ја прикажува двојката како се бакнува, а во описот на објавата уметницата се пошегува за приказните што ги преплавија социјалните мрежи:
– Ова е вистинска фотографија. Не е објава за веридба ниту ВИ објава за венчавка… само бакнеж! Можеби дури и момент пред или по него, со оглед на малку смешните изрази на нашите лица!
Таа додава дека ја објавува фотографијата како одговор на сите честитки за нивната „свадба“, иако таа всушност никогаш не се случила.
– Во овие времиња, ни требаат добри вести, но оваа е сепак лажна – затоа бидете внимателни! Еве малку вистинска среќа – пишува Грант.
Александра Грант, која има 52 години, и Кијану Ривс, 61, јавно ја потврдија својата врска во ноември 2019 година, на настанот LACMA Art + Film Gala во Лос Анџелес. Оттогаш, тие не се двоумеа јавно да покажат наклонетост. Во ретко интервју за списанието People минатата година, Грант откри колку ја инспирира нивната врска:
– Кијану е неверојатно креативен и толку љубезен. Тој е голема инспирација за мене. Работи неуморно.
Таа исто така додала колку е важно за неа што веќе изградила своја кариера пред нивната врска: – Јас не сум само „девојка на славна личност“.
Двојката често се појавува заедно на формални настани, а камерите често ги снимаат нивните нежни моменти. Така, во април 2024 година, Ривс беше фотографиран како се бакнува со Грант за време на гала вечер во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес, што повторно привлече големо медиумско внимание.