АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД СТАНА „КРАЛ“ Англичанецот дебито за Реал Мадрид ќе го има на 18 јуни

Трансферот ќе биде официјализиран в недела, а Александар-Арнолд треба да дебитира за Реал Мадрид против Ал Хилал во Мајами на 18 јуни.

683

Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд потпиша денеска договор со Реал Мадрид.

Александар-Арнолд имаше важечки договор со Ливерпул до крајот на јуни оваа година, но Реал одлучи да ја плати откупната клаузула за да може 26-годишниот дефанзивец веднаш да се приклучи на мадридскиот тим за настап на претстојното Светско клупско првенство.






Целата своја кариера Александер – Арнолд ја мина во Ливерпул, дебитирајќи за првиот тим во 2016 година. За тимот од „Енфилд“ одигра 259 натпревари и постигна 18 голови.

Трансферот ќе биде официјализиран в недела, а Александар-Арнолд треба да дебитира за Реал Мадрид против Ал Хилал во Мајами на 18 јуни.

Во сезоната што штотуку заврши, Реал Мадрид остана без трофеи во Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот на кралот. Клубот го напушти поранешниот тренер Карло Анчелоти, а го замени Шпанецот Чаби Алонсо. ег

Поврзани содржини