На седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа партијата ја разгледала политичката состојба и донела повеќе одлуки поврзани со делувањето.
Извршниот комитет донел одлука за формирање Патриотски институт на партијата што ќе го води Александар Пандов. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тој е долгогодишен член и поранешен вршител на повеќе партиски функции.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од, како што се наведува, историски најлошиот пад на БДП од речиси 13 проценти, како и од негативните трендови во економијата кои покажуваат дека Заев ја втурна земјава во рецесија.
„Извршниот комитет ја потврди одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата и осиромашувањето на граѓаните. Заев и неговата мафија на власт донесе за граѓаните живот на вересија во исто време кога власта се богати на грбот на народот. ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старата пониска цена на струја и преиспитување на работењето на Регулаторната комисија. Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе и повеќе кадровски одлуки како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението.
На седницата биле именувани и нови членови на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Кадровските освежувања продолжуваат и во периодот што следи.
Извршниот комитет, меѓу другото, донел одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:
- ОК Конче Ацо Митов
- ОК Валандово Дејан Бошков
- ОК Демир Капија Александар Галапчев
- ОК Росоман Тихомир Николов
- ОК Могила Драган Саботковски
- ОК Кривогаштани Виктор Деспотовски
- ОК Долнени Дејан Змејкоски
- ОК Демир Хисар Никола Најдовски
- ОК Охрид Сашо Донев
- ОК Дебарца Саше Силјановски
- ОК Вевчани Ѓорѓи Влајкиноски
- ОК Пласница Луме Адемоглу
- ОК Јегуновце Димитар Костадиновски
- ОК Тетово Ангел Карапетров