АЛЕКС ОДГЛЕДУВА, ИВАНА ГО ПОДДРЖУВА Тој го има најдобриот глас меѓу спикерите, таа – најубавата коса меѓу новинарите, патем, имаат и одличен аспарагус и мед
Александар Алексовски и Ивана Тасев се познати градски ликови кои сигурно ги знаете од најразлични културни настани, од радио, од телевизија или од некој концерт, ама ако не ви се баш блиски пријатели, сигурно не ви паѓа на памет дека токму тие можат да ве снабдат со свеж аспарагус (шпаргла), младо кромитче, домати и природен мед. Ви се верува?
Неодамна на Фејбук профилот на еден познаник, видов фотографија од преубави шпаргли, над која напишал: Одлична шпаргла од градината на Алекс МекАвоис (Alex McAvoice). Веднаш ми фати око бидејќи, освен еднаш кај сестра ми во Хрватска и еднаш од тегла, мислам дека никогаш не сум јадела шпаргли. На пазар сум видела само еднаш, на тезга, ама беше ѓавол ипол, а ја гледам по маркетите, исто така ѓавол ипол, а никаква, да ти е жал и да ја гледаш, а не пак да ја јадеш.
Го прашав кој е Алекс и кај да го најдам, а тој ми вели: „сигурно го знаеш, дечко од градов, нема шанси да не го знаеш“.
И така, додека си викам сама на себе дека немам поим кој е, му се јавувам и слушам еден познат глас, онаков, од најубавите. Оние што ги викаат радиски гласови…
И дума по дума, не само што сфатив дека ептен знам кој е човекот, туку и дознав која му е партнерка и некако сите коцки си дојдоа на свое. Е сега можеби многумина ќе си речат, де, де, ја откри Америка, ама ете, некогаш може да се знам со некого и сто години, а да не знам кој му е маж, жена, сестра и друга фамилија која можеби исто така ја знам по некоја друга линија. Ама кога конечно сфатив дека Александар Александар Алексовски и мојата поранешна колешка од поранешните „Македонија денес“ и „Денес“, Ивана Тасев, се маж и жена, тоа беше како да си најдов изгубено делче од слагалица.
И пак се сетив на прашањето што го постави еднаш многу одамна едно мало девојче од соседството во кое тогаш живеев: Зошто сите мажи и жени си личат меѓусебе?
Многу долг вовед за една шпаргла, ама така е тоа кај нас, во Арт кујна. Додека сите прават брзи и куси вести, ние си правиме, бавни и долги приказни, па кој сака нека чита.
Целиот текст прочитајте го на „Арт кујна“.