Алек Болдвин го обвинија за шовинизам кон колешката, по што го напушти Твитер

555

Актерот познат по неговиот избувлив карактер и честите нетактични изјави, беше „нападнат“ на Твитер, откако ја исмејуваше Џилијан Андерсон.

Американскиот глумец Алек Болдвин, откако го обвинија за шовинизам, го напушти Твитер. Во „прошталното видео“ тој вели дека, засега, е презаситен од социјалните мрежи и се правда за неговиот краток коментар за неговата американска колешка Џилијан Андерсон и нејзиното менување на американско-британскиот нагласок во еден свој јавен настап.






„Забележав дека некој рече дека глумицава, која нема да ја спомнувам (по име), го менувала нагласокот на нејзиното шоу – од британски (што го користи во „Круната“) во американски… Јас само напишав: „Ох, тоа е интересно“. Се разбира, не може никако да бидете иронични на Твитер. Не можете никако да бидете иронични во Соединетите Американски Држави, затоа што САД се e толку стегнато, стресно место сега. Толку непријатно место сега. Но, на личноста на којашто ѝ го упатив коментарот, всушност, сум ѝ огромен обожавател. Голем, огромен обожавател. Коментарот требаше да ја илустрира поентата дека наоѓам мултикултурни изрази, чии било – без оглед на јазикот, земјата, музиката, храната, облеката, уметноста – што и да е важно во тие изрази за вас, тоа е ваша работа“ објаснува Болдвин.

Сепак, глумецот смета дека на Твитер „во овој миг се наоѓаат сите г**нари во САД и пошироко“, па и најмалата ситница станува „сочна приказна“.

Поврзани содржини