АЛБАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СЕ ФАТИЈА ЗА ГУША Вербална расправија заврши со физичка пресметка во Парламентот во Тирана

Расправијата ескалирала со физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападнал пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина.

339

Албански пратеници се расправаале, па се степале на денешната пленарна седница на Парламентот во Тирана. Пленарната седница на албанскиот законодавен дом доцна попладнево почнала со тензии, откако пратениците од опозицијата ја блокирале говорницата, јавуваат медиумите.

Припадници на Националната гарда веднаш се распоредиле околу говорницата, над која седат претставниците на Владата.






Расправијата потоа ескалирала во физичка пресметка, кога опозицискиот пратеник Бледион Налбати физички го нападнал пратеникот од Социјалистичката партија Вулнет Сина.

Веднаш потоа седницата била прекината, а на Налбати му било наредено да ја напушти салата, но тој одбил да излезе.

Откако состојбата станала уште потензична, претседателката на Парламентот, Линдита Никола, потоа ја прекинала и оваа седница, како и минатата, кога 45 опозициски пратеници, приврзаници на Сали Бериша ја блокираа говорницата, но и просторот определен за претставниците на Владата.

Поврзани содржини