АЛБАНСКИТЕ ПАРТНЕРИ ТВРДАТ ДЕКА ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО Е СТАБИЛНО, А ОСТАВКАТА ИЗБРЗАНА Сите сме против предвремени избори

717

Оставката е непотребна, ние сметаме дека само оваа влада може да го реши спорот со Бугарија, да го гарантира Преспанскиот договор, да ги гарантира меѓуетничките односи и да обезбеди напредок во евроинтеграцијата. Не смееме да си дозволиме авантури во вие кршливи моменти за државата, рече првиот  вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби кој беше претставник од ДУИ на денешниот координативниот состанок во Влада.

Груби истакна дека сите коалициски партнери изразиле поддршка за актуелната влада и сметале дека оставката на премиерот Заев е избрзана, затоа што ова се локални избори, а мандатот е добиен пред една година.






– Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата, на премиерот Зоран Заев и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда и немаше ниту еден сомнеж во парламентарното мнозинство од ниту еден учесник на состанокот – рече тој.

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа по координативниот состанок рече дека не се согласуваат со оставката на Заев, но оти тоа е личен чин за кој премиерот сам одлучува.

– Бевме информирани дека останува на оставката, нормално наше барање е за тоа да има простор за колку време тоа би се извршило, бидејќи сме во многу деликатна ситуција политичка, каде што навистина може каков било погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа реално би не однело до предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент, ниту има простор да се организираат – заклучи Хоџа.

Тој рече дека на средбата, коалициските партнери покажале дека мнозинството е стабилно и дека владејачкото мнозинство треба да продожи.

– Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската ситуација, социјалната и безбедносната во државата. Затоа сите едногласно сме против организирањето на предвремени избори. Се наоѓаме во многу деликатен процес и заради тоа треба сите заеднички да го искажаме ставот дека навистина е потребно да продолжи владејачкото мнозинство бидејќи целта и на оваа Влада кога се состави беше да се убрза процесот на евроинтеграции – рече Хоџа.

Поврзани содржини