Луксузниот комплекс „Грин коуст ресорт и резиденции“, инвестиција на групацијата „Балфин“, чија активност во Албанија и Западен Балкан е од особено значење, ќе го оживее еден од најамбициозните проекти што ќе го револуционизира туризмот во регионот. Уникатниот комплекс, лоциран на прекрасната плажа Паласа, покрај кристалните води на Јонско Море, од неодамна е член на светски познатиот клуб за размена на ексклузивни и луксузни патувања и одмори „Интервал интернешнал“.
Овој „сервис за размена на одмори“, речиси непознат на регионалниот пазар, им овозможува на сопствениците на вили и апартмани во ресортот да го разменат својот одмор со некој од членовите на платформата каде било во светот. Мрежата на „Интервал интернешнал“ опфаќа повеќе од 3.200 комплекси од целиот свет – САД, Бали, Тенерифе, Дубаи, Корнвел, Мексико, Бразил, Кајмански Острови и многу други егзотични дестинации. Реномирани хотелски комплекси и препознатливи туристички брендови, како што се „Мериот“, „Дајамонд ресорт“, „Фор сизнс“, „Анантара клуб“, „Плаза“ и други со децении се членови на оваа платформа, која функционира беспрекорно. Основана во 1976, со подружници во 14 земји, „Интервал Интернешнал“ располага со 80 локации во САД, Европа, Азија и Јужна Америка и е лидер во оваа мултимилионска индустрија.
– Значајно достигнување е тоа што „Грин коуст ресорт“ станува член и ќе соработува со „Интервал Интернешнал“ – вели Ледија Телхаи, извршна директорка на „Балфин недвижнини и угостителство“, компанија која управува со продажбата, маркетингот и управувањето на „Грин коуст ресорт и резиденции“.
Телхаи посочува дека процесот е комплексен и дека оваа соработка е овозможена благодарение на високо поставените стандарди.
– Тоа е процес на скенирање на секоја компонента од проектот, не само од институционален и правен аспект, туку и на секој технички детаљ за изградбата и опремувањето на сместувачките единици, квалитетот на услугите и опремата што им ја нудиме на нашите клиенти. Целосната транспарентност, која е „безбедносна виза“ и за нас и за клиентите, е задолжителна – вели таа.
Дарен Етриџ, потпретседател на Секторот за продажба на ресорти и бизнис-развој (ЕМЕАА) на „Интервал интернешнал“, во сертификацијата на овој договор вели дека прекрасната албанска ривиера сега е исклучително привлечна за странските туристи.
– Ние сме возбудени што сме избрани како партнер што ќе овозможи услуги од размената на туристички патувања во најлуксузниот премиум ресорт во овој восхитувачки регион. „Грин коуст ресорт и резиденции“ ги исполнува највисоките стандарди и критериуми за квалитет, кои се потребни за членство, и заслужено е на листата како еден од најдобрите ресорти за одмор во светот. Членството во „Интервал интернешнал“ го потврдува тоа – вели Етриџ.
Според Телхаи, членството на „Грин коуст“ во „Интервал интернешнал“ е единствена можност за клиентите на ресортот со минимална котизација да стекнат неверојатни искуства и да ги посетат ресортите низ целиот свет кои се во сопственост на други членови на платформата.
– Секој сопственик или косопственик, без оглед дали сопственоста е заедничка или станува збор за поделено време на користење, кој купил или ќе купи вила или апартман, сега ќе може да ја размени својата вила со сместувачки единици во најдобрите ресорти низ светот. Истото важи и за странските туристи кои избираат својот одмор да го поминат во „Грин коуст“. Воведовме многу лесен процес на регистрација и секој што е заинтересиран може да аплицира. Ова е одличен почеток за посакуваниот успех на оваа платформа на регионалниот пазар – вели Телаи, која ја следеше секоја фаза од воспоставувањето на овој договор.
Соработката со интернационални компании и светски лидери во областа на туризмот гарантираат апсолутен успех на овој нов проект на албанскиот, но и на регионалниот пазар. Ваквите програми и платформи не се само можност за туристите, туку и за економијата и за развој на туристичкиот сектор.
„Грин коуст“ е еден од двата луксузни комплекси на албанскиот брег зад кои стои групацијата „Балфин“. Другиот е „Вала Мар резиденции“ лоциран во прекрасната природа на Хамалај. Освен во туристички ресорти, „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, инвестира во изградба на повеќе трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, а меѓу нив е и мултифункционалниот комплекс „Скопје ист гејт“. Минатата година, заедно со Комерцијална банка АД Скопје, „Балфин“ го комплетираше купувањето на Тирана банк. Во своето портфолио има и компании од модната и рударската индустрија и од сферата на малопродажбата како „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. Под капата на компаниите што се дел од групацијата „Балфин“ се речиси 6.000 вработени во Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
Луксузен одмор на јонскиот брег
Паласа е ретко место каде што се зачувани и природните убавини и културното наследство на старите градови и цивилизации, кои ги восхитуваат посетителите.
Комплексот се состои од четири различни типови објекти, од елитни вили до апартмани. Сите се пространи, стилизирани, со современа архитектура и нудат неверојатен поглед кон морето од малата височинка каде што се сместени помеѓу дрвја и цвеќе. „Грин коуст“ е инспириран од објектите што веќе постојат во регионот, па двокатните куќички хармонично се претопуваат во пејзажот.
Ресортот се наоѓа во близина на Валона, Дерми, Химара и Саранда, античкиот град Бутринт и помеѓу повеќе села каде што уште се практикуваат традиционални занаети и вештини. Исклучителната природна убавина, прекрасното Јонско Море, и богатата историја на регионот, се нешто што вреди да се истражи.
Самото позиционирање на „Грин коуст“ овозможува низа различни активности – едрење, пливање, кајакарење, риболов, планински велосипедизам, спуштање со падобран, нуркање, различни организирани екскурзии, тури со брод, летање со параглајдер, истражување на крајбрежните пештери во Карабурун со чамец, како и кошарка, одбојка на плажа, медитациски активности итн.