📽️ АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ГО ТРГНАЛ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ОД КОРАБ Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР
Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија“, вели Изет Шулку.
Министерството за внатрешни работи (МВР) презема мерки за расчистување на случајот со симнувањето на македонското знаме од врвот Голем Кораб и негово заменување со албанското.
Од МВР велат дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на Северна Македонија.
Оттаму додаваат дека јавноста ќе биде соодветно известена по преземените дополнителни мерки за расчистување на овој случај.
„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Инаку како што претходно објавивме албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан во градот Пошкопеја, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско.
Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.
На Кораб тој е со гости кои престојувале во неговиот угостителски објект, меѓу нив и странци, што се слуша од комуникацијата на англиски со друго лице исто така Албанец.
– Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија – вели Шулку.