АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА НАЈАВУВА КОАЛИЦИЈА Меџити открива дека трите партии ќе имаат заеднички претседателски кандидат Албанец

Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда - изјави Меџити во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.

681

Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, најави дека неговата партија со Беса и со Алтернатива ќе имаат заеднички кандидат Албанец за нов претседател на Македонија.

– Албанската опозиција – Демократско движење, Движење Беса и Алтернатива, со отворена врата и за другите, ќе имаме наш кандидат за Претседател, Албанец. Сè уште немаме име, но ова го имаме како определба. Според предвидувањата, може да помине и во втора рунда – изјави Меџити во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ 21.






Својот оптимизам тој го темели на фактот дека „од една страна е една силна ВМРО, а има и СДСМ паднат на земја“, заклучувајќи дека „ова е шанса за албанскиот кандидат“.

Поврзани содржини