АЛБАНИЈА ПРИВРЕМЕНО ГИ ЗАБРАНУВА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ „Еднаш засекогаш ќе разграничиме за што служат патеките“

Ќе изготвиме јасни и применливи правила за сите, разјаснувајќи еднаш засекогаш кои ленти, патишта или простори се дозволени за тротинети, а каде не. Ќе се утврдат и критериуми за возраст на употреба, заштитни мерки како што се шлемови, осветлување и ограничувања на брзината. Додека не се изготви целосна регулаторна рамка, јавниот интерес налага навремена интервенција, најави министерката Албана Кочиу велејќи дека побарал од полицијата привремено да ги забрани електричните тротинети.

261

Албанија привремено ја забранува употребата на електрични тротинети, објави министерката за внатрешни работи Албана Кочиу, која денес ги претстави новите мерки за јавна безбедност поврзани со употребата на електрични скутери и тротинети.

Кочиу изјави дека Министерството добило голем број поплаки од граѓани за опасноста што ја претставуваат овие возила, особено за малолетници и постари лица кои се движат по патиштата, но и за самите нивни корисници.






– Податоците од Државната полиција го потврдуваат овој растечки проблем – рече Кочиу.

Кочиу нагласи дека побарала од полицијата привремено да не дозволи движење на електрични тротинети по патиштата.

– Ќе изготвиме јасни и применливи правила за сите, разјаснувајќи еднаш засекогаш кои ленти, патишта или простори се дозволени за тротинети, а каде не. Ќе се утврдат и критериуми за возраст на употреба, заштитни мерки како што се шлемови, осветлување и ограничувања на брзината. Додека не се изготви целосна регулаторна рамка, јавниот интерес налага навремена интервенција – изјави Кочиу.

Министерката додаде дека Албанија не е единствената земја која се соочува со овој проблем, потсетувајќи дека Франција, Италија и Германија веќе презеле драстични мерки, вклучувајќи и делумни или трајни забрани.

Поврзани содржини