АЛБАНИЈА НОВ РЕКОРДЕР ВО КОРУПЦИЈА БиХ и Македонија го делат второто место

Истражувањето на Балканскиот барометар 2023 година на Регионалниот совет за соработка, покажа дека албанските граѓани мислат дека нивната земја е покорумпирана во споредба со сите други земји од Западен Балкан.

702

Во најновите резултати од истражувањето на Балканскиот барометар 2023 година на Регионалниот совет за соработка, албанските граѓани мислат дека нивната земја е покорумпирана во споредба со сите други земји од Западен Балкан.

– Oд испитаните албански граѓани 38% сметаат дека корупцијата е важен проблем за економијата на земјата. Оваа перцепција е највисока во регионот во 2023 година, со разлика од 12 процентни поени со Босна и Херцеговина и Македонија со ист процент од 26%. Четврта е  Црна Гора и петта Србија каде показателите се  25%. Граѓаните на Косово имаат најниска перцепција за корупција во Западен Балкан, со 22%. Просекот на ниво на регионот е 27%, јави Ора њуз.






Процентот на албанските граѓани кои сметаат дека корупцијата е вознемирувачка за економијата на земјата е значително зголемен во споредба од пред една година, кога показателот беше 27%, а земјата беше на трето место по Босна и Херцеговина (34%) и Србија (28%).

– Споредено со другите балкански земји, единствено Албанија претрпела  толку високо влошување на перцепцијата за корупција. Северна Македонија бележи благ пораст од еден процентен поен, додека во другите земји е намалена перцепцијата на граѓаните за корупција, особено во Босна и Херцеговина, додава телевизијата.

Дури 50% од албанските граѓани вклучени во истражувањето, искажуваат загриженост за економијата. Сепак, ова ниво е трето во регионот, по Македонија (55%) и Црна Гора (51%).

Деновиве и високата државна контрола потврдила дека економската штета на државниот буџет од корупција во Албанија изнесува над 700 милиони евра.

Претходно медиумите пренесоа дека според Балкански барометар над 49% од албанските граѓани мислат дека треба да живеат и работат во странство. 

Поврзани содржини