АЛБАНИЈА ГО ИЗБРА СВОЈОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА Албина на Евросонг ќе пее за Косово (ВИДЕО)

Албанија реши во Ливерпул да ја претставуваат Албина и семејството Келеменди со песната „Дује“.

403

По Украина, Албанија е втората земја која го избра својот претставник на Евровизија 2023 година. На 61. Фестивали и Кенгес, Албанија реши во Ливерпул да ја претставуваат Албина и семејството Келеменди со песната „Дује“.

Во својата евровизиска песна Албина пее за Косово.






Од првото појавување на Евровизија во 2004 година, Албанија ги избира сите свои претставници преку фестивалот – Фестивали и Кенгес, кој традиционално се одржува на крајот на декември.

На овогодинешниот албански национален натпревар учествуваа вкупно 26 натпреварувачи, кои во живо ги изведоа своите песни придружувани од оркестар. Фестивалот имаше вкупно три натпреварувачки вечери, а финалето се одржа на 22 декември.

Годинава форматот беше стручното жири да го избере победникот на фестивалот како и второто и третото место, а публиката со своите гласови да го избере претставникот на Албанија на Евровизија 2023, така што победникот на фестивалот и претставникот на Албанија не мора да се поклопуваат. Право на глас имаа гледачите од Албанија, како и од Косово..

Стручното жири одлучи дека победник на фестивалот е Елиса Лила, која ја изведе песната „Евита“, додека Албина и семејството Келеменди освоија најмногу гласови од публиката, додека стручното жири ги стави на второто место.

Во ревијалниот дел на фестивалот настапиле голем број гости, меѓу кои и овогодинешните евровизиски победници, украинската група „Калуш оркестра“.

Инаку, претставниците на Албанија – Албина и семејството Келементи потекнуваат од Косово. Албина е родена во Пеќ во 1998 година.

Поврзани содржини