АЛБАНИЈА ЌЕ ПАТРОЛИРА ПО ЈАДРАНОТ СО ИТАЛИЈАНСКИ ВОЕН БРОД Подарок од Мелони за Рама

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека „ова е конкретна демонстрација на пријателството меѓу Италија и Албанија и нашата желба за работа и соработка на воената и економската област“.

272

Албанската морнарица ќе добие воен брод од Италија со кој е планирано да го интензивира учеството во мисиите на НАТО. „Либра П 402“ долг 80 метри се закотви во западното присташните на Драч на свечена церемонија. Бродот од класата Касиопеја бил изграден кон крајот на 1980-тите.

Рама го опиша подарокот како „многу дарежлив и знак на длабоко пријателство и почит“.






Италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето рече дека „ова е конкретна демонстрација на пријателството меѓу Италија и Албанија и нашата желба за работа и соработка на воената и економската област“.

На едната страна од бродот беше насликано големо албанско знаме, а бројот на бродот беше променет во П 133.

Минатата година, реновираниот аеродром во централниот град Кучово минатата година беше претворен во техничка воздушна база на НАТО.

 

Поврзани содржини