АЛБАНЕЦ УАПСЕН СО 27 КИЛОГРАМИ КОКАИН ВО ИТАЛИЈА Полицијата открила тајно скривалиште под седиштата

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин во Катанија, кај кого беа пронајдени речиси 28 килограми кокаин скриени во автомобил.

25

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин во Катанија, откако при контрола на неговиот автомобил биле откриени 27,6 килограми кокаин.

Дрогата била вешто сокриена во специјално изработен простор под предните седишта на возилото. Покрај кокаинот, полицијата го конфискувала и автомобилот, а приведениот веднаш бил однесен во притвор во локалниот затвор.






Според албанските медиуми, во италијанските затвори моментално има над 2.000 албански државјани, од кои најголем дел се осудени за дела поврзани со трговија со дрога.

Поврзани содржини