Албанец сакал „по скратен пат“ да излезе од земјава, Турчин со лажна лична карта уапсен на Табановце

819

МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 02.10.2020 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Орешани го лишиле од слобода К.П.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАРИХУАНА ВО ПЕТРОВЕЦ – На 01.10.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Петровец го лишиле од слобода Т.К.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






АПСЕЊЕ КАЈ ЈАЖИНЦЕ – На 01.10.2020 во 12.20 часот при обид за илегален излез од  Р.С.Македонија кон Р.Косово, во атар на с.Јажинце, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Рогачево, го привеле С.М.(25) од Р.Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.

ТУРЧИН ПРИВЕДЕН НА ТАБАНОВЦЕ – На 01.10.2020 во 20.30 часот на Граничниот премин Табановце, поради постоење основи на сомнение за фалсификување на лична карта, од слобода бил лишен У.Б.(26) од Р.Турција. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ПОВРЕДЕНО ДЕВОЈЧЕ – На 01.10.2020 во 22.20 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било донесенa малолетничка од Скопје со тешки телесни повреди. Според пријавеното, околу 19.00 часот, додека се возела со велосипед на ул.„Шуто Оризари“, била удрена од патнично возило, по што возачот ја однел во нејзиниот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПРИЛЕПЧАНКА УДРЕНА СО КОЛА – На 01.10.2020 во 09.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп– Крушево, патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.З.(34) од с.Кривогаштани, прилепско, удрило во пешакот Д.Б.(44) од с.Големо Коњари, прилепско. Во незгодата, Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ – На 01.10.2020 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосница од ул. „Иван Хаџиниколов“ и ул.„Дреновска клисура“ во Скопје, патничко возило „фиат стило“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.А.(37) од Скопје, удрило во велосипед,  управуван од Б.П.(57) од Скопје. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КУЧИЊАТА КАСААТ – На 01.10.2020 во 13.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С.(55) од Скопје пријавила дека на ул.„Христо Татарчев“ била касната од куче сктиник.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН МОТОЦИКЛИСТ – На 30.09.2020 во 21.00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од с.Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од с.Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

(ИЗВАДОК ОД БИЛТЕНОТ НА МВР ОД 02.10.2020)

Поврзани содржини