Албанец им помага на мигрантите како илегално да стигнат во Велика Британија, ја објави рутата и потребните лажни документи (ФОТО)
На една од снимките објавил и „Google Maps“ рута според која негов пријател влегол во земјата користејќи лажна италијанска лична карта. Рутата води од Албанија до Барселона, а потоа со автобус се патува до еден помал аеродром во Шпанија.
Дијонис Биба е познат рапер од Албанија кој е препознатлив по тоа што постојано позира покрај скапи автомобили на луксузни локации. Но, исто така познат е и по своето дрско однесување, а сега и по тоа што на социјалните мрежи објави снимки во кои им дава инструкции на мигрантите како илегално да влезат во Велика Британија.
Тие негови упатства кои се прегледани повеќе од 100.000 пати, вклучуваат користење лажни документи како лична карта и пасош, а Биба тврди и дека на некои аеродроми никој нема да забележи дека документите се фалсификувани. Тој ги советува мигрантите веднаш да побараат азил штом стапнат на британско тло.
Раперот отворено зборува дека во Британија влегол илегално и дека ќе го депортираат ако го откријат. На една од снимките објавил и „Google Maps“ рута според која негов пријател влегол во земјата користејќи лажна италијанска лична карта. Рутата води од Албанија до Барселона, а потоа со автобус се патува до еден помал аеродром во Шпанија.
– Тој аеродром не го користат многу луѓе кои патуваат во Велика Британија. Купете билет преку интернет и такси нека ве одведе до аеродромот. Внимателно доближете се до влезот и користете го бар-кодот на билетот. Тогаш го минувате скенерот. Потоа одите на местото каде што се покажуваат документите. Треба да се смешкате и да глумите Италијанец – вели Биба во видеото кое е прегледано над 70.000 пати.
Тој објави уште една снимка во која објаснува како може Ирска да се користи како последен влез во Британија со помош на лажни документи од Романија.
– Од Шпанија заминувате за Даблин. Во Даблин барате азил, а потоа тие ви даваат уште еден лажен документ кој чини 300 евра. Од таму седнувате во авион и за кратко време сте во Лондон – објаснува Биба.
Неговите снимки и понатаму стојат на „ЈуТјуб“ и не се отстранети.
View this post on Instagram