АЛАРМОТ СЕ ВКЛУЧИ ВО 13 СКОПСКИ УЧИЛИШТА Нови дојави за бомби, наредена е евакуација

Полицијата е на терен, ги евакуира учениците и вработените, а ги проверува објектите. 

350

Попладнево, дојави за бомби стигнаа во 13 училишта во Скопје.

Полицијата е излезена на терен, ги евакуира учениците и вработените, а ги проверува објектите.






„Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

Поврзани содржини