АЛАРМАНТНО Хрватска апсолутно најлоша во ЕУ по корупција, сексторзијата е во мода

Хрватска е втора најлоша во ЕУ во изнуда на секс како замена-услуга за корупција. Оваа корупција се нарекува „сексторзија“ и се случува кога лице од администрацијата, кое нуди корумпирана услуга, ви бара секс за возврат.

780

Според последниот извештај на Транспаренси Интернешнл за состојбата со корупцијата во ЕУ, Хрватска е апсолутно најлоша. Прашани дали корупцијата во владата на Пленковиќ е голем или мал проблем, дури 92 отсто од Хрватите одговориле дека тоа е голем проблем, пренесе хрватски РТЛ.

Всушност, во цела Европска Унија во просек 62 од 100 граѓани сметаат дека корупцијата во нивната влада е голем проблем и дека нивната влада лошо се справува со неа. Процентот е сличен, но малку поблаг во Чешка, Бугарија, Словенија, Романија и ви Литванија.






Во Хрватска сексторзијата е во мода

Во Словенија, тоа е случај со 66 отсто од испитаниците, а Бугарија и Грција имаат помал процент.

Но, Хрватска исто така е втора најлоша во изнуда на секс како замена-услуга за корупција, објави хрватскиот портал Индекс. Оваа корупција се нарекува сексторзија и се случува кога лице од администрацијата, кое нуди корумпирана услуга, ви бара секс за возврат. Во Хрватска, дури 13 од 100 граѓани се соочиле со ваков сексуален притисок.

Полоша од Хрватска во „сексторзија“ е само Бугарија со 17 отсто, додека просекот во ЕУ моментално е 7 отсто.

Во цела ЕУ се „фаќаат врски“, не само кај нас

Истражувањето на ТИ кажува многу и за фаќањето врски и тоа во цела ЕУ. Во него учествувале повеќе од 40.000 луѓе во 27 земји-членки, од октомври до декември 2020 година. Резултатите покажуваат дека дури 29 отсто од луѓето фаќале врски преку пријател или член од семејството, за да пристапат до јавното здравство. Шест проценти од испитаниците директно дале мито за здравствени услуги.

Највисока корупција во здравството е забележана во Романија (22 проценти) и Бугарија (19 проценти), а потпирањето на лични врски е најчесто во Чешка (54 проценти) и Португалија (46 проценти).

„Од друга страна, политичарите ја гледаа кризата како шанса за профит, укажувајќи дека треба да се лобира за набавка на заштитни маски“, се додава во извештајот на ТИ.

Поврзани содржини